Loading Video...
Свет
27. March 2025 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Доналд Трамп објави нови царини од 25% за увоз на автомобили и автоделови во САД. Според планот на американскот претседател царините за автомобили  ќе стапат во сила на 2 април, а за автоделови во мај или подоцна. Како реакција на одлуката на Трамп, акциите на повеќето светски автопроизводители почнаа да паѓаат.

Акциите на американскиот автомобилски гигант  „Џенерал моторс“ паднаа за 8% , а на „Крајслер“, т.е. неговата матична „Стелантис“ и на „Форд“, со коишто се тргува во САД, паднаа за по околу 4,5%. Акциите на компанијата „Тесла“на милијардерот Илон Маск загубија околу 5,5% од својата вредност.Во Азија. Акциите на „Тојота“, „Хонда“ и„Хјундаи“ паднаа за околу 3%.

Трамп тврди дека мерката ќе доведе до неверојатен раст на автомобилската индустрија и ќе ги зголеми работните места и инвестициите во САД. За разлика од него, екепертите  од индустријата сметаат дека царините ќе доведат до привремено затворање на значајно производство на автомобили во САД, зголемување на цените на автомобилите и до заострување на односите со долгогодишните трговски партнери, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Мексико и Германија.

Заврши самитот на „коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност во Украина кој во Париз го организираше францускиот претседател Макрон. На агендата беа нова воена помош за Украина и предлогот на Париз и Лондон за испраќање европски мировен контингент во Украина кој би помогнал во оддржувањето на мирот, во случај на прекин на огнот со Русија.

За заклучоците на самитот на кој учестуваше и укрианскиот претседател, домаќинот Макрон ќе информира во текот на денот. Коалцијата на подготевните е составена од  земји членки на ЕУ и на НАТО.

Најмалку шест луѓе загинаа откако потона туристичка подморница покрај брегот на Египет. Уште девет лица се повредени во несреќата, што се случи кај популарната туристичка дестинација Хургада. Во подморицата на компанијата Синбад имало 45 патници, сите руски државјани соопшти рускиот конзулат во Хургада. Причината за потонувањето е непозната.