Loading Video...
Свет
15. April 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Украинската војска изврши масовен напад со дронови врз рускиот град Курск. Според рускиот истражен комитет едно лице загинало, девет се повредени а повеке станбени згради и гаража за брза помош биле погодени. Засега нема коментар за нападот од украинските власти. Зеленски побара уште оружје од САД и го повика престеделот Трамп да ја посети Украина за да ја види суровоста на војната. Војната помеѓу Русија и Украина е војна на Бајден, а не моја-изјави шефот на Белата куќа, обвинувајќи дека за смртта на милиони луѓе се виновни три лица.

-Тоа е војна што никогаш не требаше да се дозволи да почне и Бајден можеше да ја запре, и Зеленски можеше да ја спречи, а Путин никогаш не требаше да ја почне. Сите се виновни. Сакам да го запрам убивањето и мислам дека добро работиме во тој поглед. Мислам дека многу брзо ќе имате многу добри предлози, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Американската администрација организира одделни преговори со руски и украински претставници, но тие досега не доведоа до прекин на борбените дејства.

Студентите продолжуваат да ги блокираат влезовите  во зградата  на РТС во Белград. Блокадата  ја почнаа синоќа околу 22 часот. Студените го обвинуваат јавниот медиумски сервис дека  не иззвестува објективно за нивните протести на кои се бара одговорност од власта за смртта на 16 лица при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.

За студенските протести и блоакдите на универзите и училиштата денеска зборуваше мандарот за состав на новата српската влада Ѓуро Мацут. На седницата на парламентот на која Мацут ја презентираше владината програма и составот на неговиот кабинетот истакна дека Србија е уморна од поделби и блокади и повика на дијалог. На денешсната седницата, српскиот парламент треба да ја  избера новата владата.

Албин Курти денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, непосредно пред да положи заклетва како пратеник во парламентот. Тој поднесе оставка заедно со сите министри во неговата влада, што ја водеше од 2021 година.

„Од 23 март, кога истече полниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционираше како техничка или во оставка. Заради полагање заклетва за пратеник во деветтиот состав на парламентот на косово, со ова и официјално ја доставувам мојата оставка“, стои во писмото што Курти го испрати до спикерот на парламентот.

Самоопределување на курти доби 48 пратеници на неодамнешните парламентарни избори, за мнозинство од 61 пратеник ќе мора да бара коалициони партнери меѓу партиите на малцинствата.