Балкан
2. јуни 2016 - 8:21

Преговори меѓу ЕУ и Турција за визна либерализација

Технички тимови на Турција и ЕУ денеска ќе започнат преговори за визна либерализација за патување на турските државјани во земјите членки на Унијата, јавија медиумите од Анкара. 

Како што најави турскиот министер за ЕУ, Омер Челик овие преговори се во рамките на „поширокиот договор за спречување на илегалната миграција“.

Тој потенцира дека прашањето за реадмисија, премесувањето на мигрантите и визната либерализација за турските државјани се дел од пакетот од договорот меѓу Турција и ЕУ и тие не може да се третираат одвоено.