Прекинат прагот на аларамирање

Нивото на загадување на воздухот во Скопје и Струмица се намалува поради што Министерството за животна средина утрово информираше дека е прекинат прагот на алармирање во овие два града.
Законот предвидува да се активира прагот на алармирање кога дневниот просек надминува 150.
А изминативе два дена, барем овде во Скопје иако беше магливо, веројатно поради релативно високите температури загадувањето не беше на ниво кое сме веќе навикнати да го гледаме во овој период на годината.
Според официјалните мерења, вчера просечната вредност на станиците кои го мерат квалитетот на воздухот низ Скопје се движи меѓу 50 и 60 додека во неделата бројките се движеле меѓу 70 и 90.
И утрово во Скопје загадувањето се движеше меѓу 40 и 50 микрограми ПМ10 честички на кубик воздух што и не изненадува имајќи ги предвид временските услови.
Во останатите градови ситуацијата е малку поразлична. Утрово најзагадено беше во градовите Струмица и Радовиш со вредности кои надминуваа 250 и околу 170 во Гостивар и Кичево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
