Прекинат синџир на шверц на оружје од БиХ во Франција
Властите на БиХ запленија арсенал оружје и муниција и уапсија свој државјанин, осомничен за криумчарење оружје во Франција, каде што било продавано на илегален пазар, соопшти Обвинителството на БиХ, и воедно побара барајќи притвор за приведениот.
Уапсен е 41-годишен маж од Зворник, осомничен дека бил дел од меѓународна група за шверц на оружје. Припадниците на истражната канцеларија на граничната полиција БиХ во областа Оражје открија десет митралези, муниција и други делови од оружје подготвено за криумчарење.
Државјанинот на БиХ е обвинет дека како дел од организирана криминална група пронаоѓал илегално автоматско оружје во БиХ, кое потоа било криумчарено во Франција со моторни возила. Според истите наводи, оружјето во Франција би го презеле луѓе што го препродавале на илегалниот пазар. Обвинителството на БиХ соопшти дека спроведува опсежна истрага за шверц на оружје и воена опрема од територијата на БиХ во соработка со партнерските институции во Франција.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ