-->
-->
Прекината потрагата по исчезнатите американски морнари покрај Јапонија
-->

Командантот на американската Седма военопоморска флота, вицеадмиралот Џозеф Окојн изјави дека е прекината потрагата по седуммината морнари, прогласени за исчезнати по сударот на американскиот разурнувач „Фицџералд“ со товарен брод, кој пловел под филипинско знаме, во близина на јапонскиот брег.
Тој истакна дека во оштетениот брод се пронајдени тела, но не прецизираше колку. Телата се пронајдени во поплавените делови на бродот, откако тој се врати во базата Јокосука со помош на реморкери.
Разурнувачот претрпе сериозна штета во сударот со товарниот брод, кој се случи вчера изутрината во Токискиот Залив.
- Материјалната штета е голема и за нејзино санирање ќе бидат потребни неколку месеци, додаде Окојн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
