-->
-->
Прекрасен настап на Калиопи на „Златни денови“ во Кратово
-->

За време на втората вечер од 4та година по ред на „Златни денови“ во Кратово публиката беше понесена од прекрасното пеење на ѕвездата на вечерта и фестивалот, феноменалната, Калиопи. Градот ечеше од еуфорија и забава од незаборавната музика и пеење. Манифестацијата традиционално ја водеше единствената, Лила Стојановска.

Ноќта беше исполнета и од звуците на Етно составот – Вез од Штип кои ги исполнија неколку од најубавите македонски народни песни. Одлична забава приредија и незаменливите Пеперминт, а цело Кратово беше понесено и од Tribute to Бјело Дугме од Нови Сад кои ги свиреа најпознатите хитови на легендарните Бјело Дугме.


Забавата, како и секоја година, продолжи во базен дискотеката во Кратово.

Во недела, традиционално, се оддржа забава и за најмалите, оваа година позната како 3Д Журка - Дневна Детска Дискотека. Голем број на дечиња уживаа и се забавува со Ивце Пивце, добра музика, многу игри, награди и маскирани гости. На крајот на настанот добри мисли и убави желби испишани на балони, симболично беа “ослободени” од страна на присутните дечиња.

„Златни денови“ во Кратово беше одлична можност посетителите да се запознаат со историјата и културата на овој незаменлив град уживајќи во музика за сечиј вкус.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
