Македонија
13. March 2022 - 8:34

Преку ден сончево со мала облачност

Времето изутрина ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност со пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица, информираат од УХМР.