Кошарка
26. August 2015 - 9:51

Прелџиќ од Фенер во Дарушафака

Досегашниот кошаркар на Фенербахче Улкер, Емир Прелџиќ, од наредната сезона ќе игра во тимот на Дарушавака. Оваа екипа доби ‘вајлд карта’ за учество во Евролигата и започна да ги засилува своите редови за да може да биде конкурнтен во елитната европска дивизија.
 
Прелџиќ е висок 206 сантиметри, може да игра на сите надворешни позиции, а во Фенербахче мина осум сезони. Прелџиќ е роден во Зеница пред 28 години, а минатата сезона во Евролигата имаше просек од 5,8 поени, 3,1 асистенција и 2,7 скока.
 
Прелџиќ е втор играч на Фенербахче, по центарот Огуз Саваш, кој во преодниот рок се пресели во Дарушафака. Екипата исто така досега се засили со Ерден Арслан, Милко Бјелица, Лук Харангоди и Реџи Рединг.
 
Дарушафака во Евролигата ќе се натпреварува во Д групата заедно со ЦСКА Москва, Бамберг, Динамо Сасари, Макаби и Уникаха.