Прелиминарен извештај за падот на египетскиот авион за еден месец
Прелиминарен извештај за падот авионот на компанијата „Иџиптер“ со 66 патници и членови на екипажот ќе биде објавен за еден месец, изјави шефот на египетскиот истражен тим Ајман ал Мокадем.
Тој, како што пишува весникот „Ал Ахрам“, истакна дека тој извештај ќе ги содржи сите информации, кои ќе бидат собрани до моментот на неговото објавување.
Авионот ербас А320 на египетската компанија ноќта меѓу средата и четвртокот се урна во Средоземното Море, северно од Александрија.
Утврдено е дека авионот емитувал пораки, кои укажуваат дека во леталото имало чад непосредно пред прекинот на преносот на податоци.
Пронајдени се делови од леталото, личен багаж на патниците и остатоци од човечки тела во Медитеранот околу 290 километри северно од Александрија, но не и црната кутија.
Авиони и бродови од Египет и уште пет земји продолжуваат да го пребаруваат поширокото подрачје на Средоземното Море.
Ново на Сител
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе мора да враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините