Фудбал
26. December 2016 - 23:23

Премиер лига: Манчестер Сити сигурен на гостувањето кај Хал

Екипата на Манчестер Сити оствари победа од 3:0 на гостувањето кај последнопласираниот Хал. Со новите три бодови „граѓаните“ се пробија на второт место на табелата на Премиер лигата со натпревар повеќе од Ливерпул.

Головите ги постигнаа: Јаја Туре 72.минута (пенал), Ихеначо 78 и Дејвис (автогол) 90+4 минути.

Резултати на натпреварите од 18.коло: Вотфорд - Кристал Палас 1:1, Арсенал – ВБА 1:0, Барнли – Мидлсброу 1:0, Челзи – Бурнемут 3:0, Лестер – Евертон 0:2, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 3:1 и Свонси – Вест Хем 1:4.

Во вторник се игра натпреварот Ливерпул – Стоук, а во среда е последниот дуел од оваа рунда меѓу Саутемптон и Тотенхем.

Табела: Челзи 46 бодови, Манчестер Сити 39,Ливерпул 37, Арсенал 37, Тотенхем 33, Манчестер Јунајтед 33,...