Фудбал
20. November 2016 - 9:16

Премиер лига: Тотенхем со пресврт до победата над Вест Хем

Екипата на Тотенхем постигна важна победа во „градското дерби“ совладувајќи го Вест Хем со 3:2. Вест Хем водеше во два наврати. Најпрвин со голот на Мајкл Антонио во 24 минута и по пеналот на Мануел Ланзини во 68 минута. Головите за Тотенхем ги постигнаа Хари Винкс во 51 минута и хари Кејн во 89 и 90+1 минута од пенал.
 
На другите дуели од 12.коло  одиграни вчера беа постигнати следниве резултати:
Манчетсер Јунајтед – Арсенал 1:1,
Кристал Палас – Манчестер Сити 1:2,
Евертон – Свонси 1:1,
Саутемптон – Ливерпул 0:0,
Стоук – Бурнемут 0:1,
Сандерленд – Хал 3:0,
Вотфорд – Лестер 2:1. 
 
Попладнево од 17 часот играат Мидлсброу – Челзи, а утре е последниот дуел меѓу ВБА и Барнли.
 
Табела: Ливерпул 27 бодови, Манчестер Сити 27, Челзи 25, Арсенал 25, Тотенхем 24, Манчестер Јунајтед 19, Евертон 19, Вотфорд 18,...