Премиера на „Fantastic Four“, ФХ3Х дел од ефектите

СФ-акцијата „Fantastic Four“ премиерно ќе биде прикажана вечерва во Скопје. Станува збор за најновиот филм на компанијата Марвел, во кој дел од визуелните ефекти во соработка со MPC Tehnicolor ги изработи македонската компанија за анимација и постпродукција ФХ3Х .
Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 артисти, кои во текот на јануари и февруари годинава работеа на 94 кадри.
- Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од The Ultimates, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на The Thing е целосно компјутерски изведен по пат на motion capture технологија, и само очите на актерот се оние кои не се компјутерски обработени, изјави Даниловски.
Според сценариото, четворица млади астронаути се телепортираат во далечен универзум и нивната физичка човечка форма се менува заради радијацијата со што добиваат натприродни способности. Четворицата мора да ги прифатат своите нови способности и да соработуваат како тим за да ја спасат планетата Земја од поранешен пријател кој е всушност непријател.
Филмот нуди една многу поинаква верзија на првото семејство на Марвел од 2005, овојпат со интересен и атрактивен осврт на алтернативните димензии, телепортацијата, црните дупки и невидливоста.
Др. Мичио Каку (Dr. Michio Kaku), теоретски физичар, на кого ликовите од „Фантастичната Четворка“ му биле омилените суперхерои во детството, тврди дека некои од теориите за алтернативни димензии и не се толку далечни како што изгледаат. Според него, науката и фантазијата не се многу далеку една од друга.
Премиерата на филмот е со почеток во 20 часот во киното Синеплекс.
Ново на Сител
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
-

МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
