Премиера на „Петар Пан“ во Театарот за деца и младинци

Куклената претстава за деца „Петар Пан“ на режисерот Боњо Лунгов, вечер ќе биде премиерно изведена во Театарот за деца и младинци.
Претставата „Петар Пан“ говори за детето што никогаш не пораснува, за детето кое секој од нас сака да го задржи постојано во себе.
Текстот на претставата е во превод на Трајче Кацаров, музиката е на Михаил Шишков, а автор на кукли, сценографија и костимографија е Дилјана Прванова. Во претставата учествуваат Ненад Митевски како Петар Пан, Наташа Петровиќ како Венди, Мартин Јорданоски како Капетан Кук, Татјана Павловска Кочовска како Ѕвончица и многу други.
Режисерот Боњо Лунгов вчера на прес-конференција истакна дека претставата изобилува со имагинација, хумор, песни и смеа преку кои гледачите ќе доживеат фантастични моменти.
- Претставата зборува за детето што треба секој од нас да го чува. Секој од нас, ако некогаш се сети кога бил дете, ќе стане подобар. Кога можеш да леташ, дали во буквална смисла или не, летот е лет. Ти полетуваш со желба и енергија да направиш нешто во животот. Во таа смисла куклениот театар дава можност човек да потоне во една таква атмосфера, вели Лунгов, додавајќи дека посетителите ќе полетаат со хероите со помош на волшебниот прав и ќе се присетат на игрите од детството.
Ново на Сител
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги
-

„Онкологија“: Вештакот од Србија укажува на пропусти во лекувањето и недоволно следење на пациентите
-

Случај „Ивана и Катја“: Стојанче барал 30.000 евра за да се повлече од станот, сведочеше братот на Ивана
-

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести
-

Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
