Македонија
22. April 2017 - 9:31

Премиера на претставата „Второ пришествие“ во Струмица

 Во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Второ пришествие“.

Претставата е во режија на Васил Михаил, а улогите ги толкуваат Ангелина Тренчева Ангелова, Оливера Аризанова и Игор Тодоров.

Драматургијата е на Васил Михаил, сценографијата на Никола Пијанманов, а костимографијата на Елена Дончева.