Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“

Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“, според текстот „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ на Загорка Поп-Антоска Андовска, а во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе се одржи вечерва во Јавна соба.
„Лична Ангелина (Чувари на честа)“ е драма која е напишана во стих, со архаичен говор близок на епската песна „Болен Дојчин“, се случува во митско време, и го следи веќе воспоставениот однос на Болен Дојчин и сестра му, Лична Ангелина.
Ликовите на Болен Дојчин, Умер Бичакчија, Митре Поморјаче и Павле Плетикоса драматуршки се споени и ги толкува Марко Илиќ, а ликот на Лична Ангелина го толкува Надица Петрова. Оригиналната музика за претставата ја работеше Александар Андовски, а музички соработник е Викторија Чочороска. Костимографијата и сценографијата се потпишани колективно.
Продуцент на претставата е Центарот за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“ познат како ДАСТА Академија.
Ова е прв проект на ДАСТА Нетворкинг, платформа која вмрежува млади уметници и искусни уметници, јавни и приватни институции од културата, приватни компании, образовни институции, со цел да се поддржат квалитетните проекти кои немаат финансиска поддршка или пак поддрпката е многу мала. Проектот го поддржаа Културно информативниот центар - КИЦ, Конгресен центар Александар Македонски.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Изборниот законик: Не сум оптимист, затоа што имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата
-

Сончево и многу топло време во следните денови, попладне можно локално невреме
-

Поранешниот директор на СОЗР со владин авион и службена картичка патувал и плаќал за приватни потреби
-

Едногласна доверба за нови успеси – проф. д-р Влатко Неделковски избран за нов мандат за декан на ФФОСЗ
-

Литванија стравува од можни руски напади врз клучна инфраструктура
-

Во касарната „Гоце Делчев“ постројување на доброволните пожарникари од целата држава
-

Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
-

СП 2026: Дешан – Многу сме разочарани
