Премиера на вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“
Вториот документарен филм „Соколана нашата гордост“ од новинарот, Марјан Стошевски, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде промовиран пред пошироката јавност во Занаетскиот дом во Куманово. Филмот ги прикажува спортските турнири кои се одржале во овој објект од 1947 до 1977 година.
- Во Соколана играле значајни личности од кошарката од поранешна Југославија, тука се удрени темелите на кошарката во Македонија и пошироко, вели новинарот Стошевски.
Документарниот филм поединечно ги опишува турнирите, а на промоцијата ќе присуствуваат поранешни кошаркари, тренери од регионот. Целта, појаснува новинарот, да се сочува од заборав сето она што се одвивало во прекрасниот архитектонски објект од апсект на спортот, конкретно во вториот документарен филм од кошарката.
- Соколана беше единствена сала од затворен тип во поранешна Југославија до крајот на 60-те години и Куманово ја имаше таа чест и привилегија да биде гостин, односно да пречека квалитетни екипи и поединци и тоа е на некој начин инспирација и задоволство да се подготви ваков серијал на документарни филмови, додаде Стошевски.
Претходно во јануари беше промовиран првиот дел на филмот.
Ново на Сител
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе