Бизнис
22. September 2015 - 14:40

Премиерот Груевски на почнување на изградбата на ОДВ Електрик

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на поставување камен темелник за изградба на фабрика на компанијата „ОДВ Електрик“, во Tехнолошко индустриската развојна зона Охрид-Струга.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски ќе ја посети и општина Македонски Брод каде ќе изврши увид во градежните активности за изградба на објект со станови за лица со социјален ризик, како и на изградбата на единечен тениски терен во основното училиште „Климент Охридски“. Премиерот ќе оствари и средба со жителите на оваа општина.