Премиерот Груевски се сретна со делегација од ОАЕ и со Мајк Зафировски

Премиерот Никола Груевски вчера се сретна со бизнис делегација од Обединетите Арапски Емирати. Средбата, информираат од Владината прес-служба, се одржува по скорешната посета на Груевски на Обединетите Арапски Емирати каде оствари средба со престолонаследникот Шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан.
Во тие разговори беше ставен посебен акцент на интересот за продолжување на економската соработка, зголемување на надворешно трговската размена и соработката на полето на инвестициите, при што беше договорено дека ќе се испрати бизнис делегација која треба да ги утврди бизнис можностите и поволностите кои ги нуди Република Македонија.
- Бизнис делегацијата од Обединетите Арапски Емирати пристигна вчера со цел продолжување на дијалогот и разгледување на можностите за продлабочена соработка. Делегацијата ќе престојува во државата два дена при што нивниот интерес се повеќе проекти и можности за соработка во делот на туризмот, енергетиката, земјоделството, инфраструктурата и повеќе други области, велат од Владината прес-служба.
Прмиерот Груевски, додаваат, во текот на денешниот ден оствари средба и со стопанственикот и менаџер Мајк Зафировски, еден од основачите на организацијата Македонија 2025. На средбата се разговараше за теми од економијата, инвестициите и поддршка и јакнење на капацитетите во образованието.
Ново на Сител
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
