Премиерот Ковачевски во работна посета на Париз
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Париз, каде што ќе се обрати на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, соопшти владината прес-служба. На официјалната посета на УНЕСКО, Ковачевски ќе биде пречекан од Одре Азуле, генерална директорка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации.
-Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски заедно со повеќе шефови на држави и влади, лидери на меѓународни организации, влијателни личности од меѓународниот бизнис, од граѓански организации, од академската заедница ќе присуствува на отварањето на 6. Париски мировен форум. Главна цел на Форумот е да ја поттикнува соработката и трагањето по решенија за предизвиците со коишто се соочува светот. Предвидено е премиерот Ковачевски да има обраќање на сесијата на тема „Адресирање на нееднаквостите и забрзување на Одржливите развојни цели", се наведува во соопштението на Владата.
Во рамки на Парискиот мировен форум, премиерот Ковачевски, придружуван од сопругата Елена Ковачевска, ќе присуствува на вечера организирана од францускиот претседател Емануел Макрон и сопругата Брижит Макрон, во чест на шефовите на држави и влади кои учествуваат на Форумот.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро