-->
-->
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-->
Премиериот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посетија машката сениорска ракометна репрезентација која се подготвува за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тие имаа можност да поразговараат со играчите и селекторот Кирил Лазаров и притоа им посакаа успех на престојниот мундијал на кој ние во првата фаза имаме средби со Холандија, Унгарија и Гвинеја.
Воедно селекторот Лазаров во знак на благодарност за поддршката му подарил персонализиран дрес на премиерот Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП