Премиерот Мицкоски ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Аеродром
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, во организација на Министерството за локална самоуправа, денеска, ќе присуствува на почетокот на градежните работи за санација и реконструкција на скверот позади ТЦ „Капитол“ во Општина Аеродром.
Како што соопштија од владината прес-служба, овој проект е еден од осумте кои ќе се реализираат со средства од државниот буџет, одобрени на првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.
Во рамки на теренските посети по општините - „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот заменик, Ерџан Селими вчера имаа средба со граѓани, претставници на бизнис - секторот, невладини организации и просветни работници од општина Аеродром на кои тие дале мислења, предлози и идеи за подобрување на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните како зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Аеродром, стимулирање на младите спортски надежи, зачувување на зелените парковски површини, надминување на проблемот со загадувањето на воздухот и бездомните кучиња.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи