Премиерот на Перу поднесе оставка по само 4 дена откако беше назначен
Перуанскиот премиер Хектор Валер синоќа објави дека ја напушта функцијата само четири дена откако беше назначен, по обвинувањата дека ги тепал ќерка си и покојната сопруга, што го принуди претседателот Педро Кастиљо да назначи нова влада, четврта во последните шест месеци.
Претседателот Кастиљо во петокот најави дека ќе го реконструира кабинетот, со оглед на компромитирачките наводи за Валер, но не кажа дали премиерот ќе поднесе оставка поради тоа.
Како што се наведува, Кастиљо сега треба да го назначи својот четврти кабинет во кој, како што рече, ќе има претставници на повеќе политички групи, но не се знае кога ќе го направи тоа.
Неговиот прв премиер беше лидер на екстремната левичарска партија, кога беше сменет во октомври со политичар од умерената левица, пред Кастиљо да ја назначи Валер оваа недела.
Валер е пратеник и конзервативен католик кој се кандидираше за десничарската партија пред да пребегне за да се приклучи на конгресниот блок.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?