Свет
25. September 2022 - 16:55

Премиерот на Шпанија позитивен на коронавирус

Шпанскиот премиер Педро Санчез е позитивен на коронавирусот и ги откажа настаните од неговата програма.    

Ова се случи два дена откако Санчез се врати од Њујорк, каде заедно со шефовите на држави и влади на многу други земји учествуваше на 77-та годишна сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. – Утрово имав позитивен тест за Ковид-19, напиша шпанскиот премиер на Твитер.

Тој најави дека нема да присуствува на настан во близина на Барселона организиран од каталонските социјалисти. – Ќе продолжам да работам и ќе преземам екстремни мерки на претпазливост, додаде Санчез. Тој не прецизираше како се чувствува и колку време нема да присуствува на состаноци.