Премиерот Заев ја прими новата британска амбасадорка во Македонија Галовеј
Премиерот Зоран Заев денеска ја прими во посета новата амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, на која и посака добредојде и изрази уверување дека таа успешно ќе ги продолжи активностите за натамошно зајакнување на односите меѓу двете земји, информира владината прес-служба.
Премиерот Заев ја запознал амбасадорката Галовеј со актуелниот политички момент во земјата со посебен акцент на создавањето најдобри услови за одржување на претстојниот референдум за договорот со Грција како следен чекор кон членството на нашата земја во ЕУ и НАТО.
- Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, изрази големо задоволство што во наредниот период добива шанса да е присутна во еден исклучително значаен период од развојот на Република Македонија кога треба да се финишираат последните фази од членството во ЕУ и во НАТО, и дека од нејзината земја ќе продолжи поддршката за реализирање на евро-атлантските аспирации на РМ, се вели во соопштението.
Заев, како што стои во сооптението, ја нагласил и исклучително добрата соработка со Обединетото Кралство во повеќе области, особено економската, како и поддршката што оваа земја го посветува на развојот на капацитетите на институциите во државава, со посебен акцент на подигнувањето на перформансите на Парламентот.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп