Премиерот Заев ќе биде покровител на одбележување на 70 години од Институтот за национална историја
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе биде покровител на годинашната прослава по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја (ИНИ), соопшти владината прес-служба по денешната средба на премиерот со делегација на ИНИ предводена од директорот Драги Ѓоргиев, кој воедно е и дописен член на МАНУ.
Делегацијата во чиј состав биле и професорите Марија Пандевска и Љубица Јанчева, го информирале премиерот Заев за подготовките на прославата како и за програмата за одбележување на оваа годишнина која ќе започне на есен со серија настани и промоција на 17 нови научни дела произлезени од проектите на ИНИ од минатата година. Во ноември годинава, ќе се одржи свечена академија и меѓународен научен симпозиум „Балканската историографија и современите предизвици“.
Премиерот Заев ги охрабри научните работници од ИНИ во реализацијата на меѓународниот научен симпозиум, на кој ќе учествуваат голем број истакнати историчари и други научни работници од регионот, Европа и светот.
Ново на Сител
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром