Премирот Заев на деловен појадок со членови на Сојузот на стопански комори

Над 200 компании членови на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), ќе присуствуваат на традиционалниот деловен појадок со претседателот на Владата на Република Македонија и ресорните министри.
Во присуство на бизнисмените, амбасадорите, ресорните министри, официјални обраќања предвидено е да имаат премиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.
На појадокот ќе се дискутира за најзначајните економски прашања, a ќе биде доставен и презентиран пакет на 75 мерки за структурни економски реформи во Македонија. Претставниците на деловната заедница пред ресорните министри ќе ги презентираат предизвиците со кои се соочуваат и ќе понудат предлози за надминување врз основа на утврдена соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства. Пакетот од 75 мерки е во насока на хармонизација со препораките на ЕУ за неопходноста од спроведување на структурните реформи за подобрување на инвестициската клима во специфичните сектори, потоа регионална економска интеграција и приближувањето кон единствениот пазар на ЕУ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
