-->
-->
Пренасочени американски авиони за да се избегне средба со руски авион
-->

Американското воздухопловство морало да пренасичи два свои авиони кои летале над Сирија, со цел да се избегне блиска средба со руски ловец кој се движел во истото подрачје, потврди портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.
Тоа е првпат американски авиони да се повлечат пред руски воени летала од почетокот на руската интервенција во Сирија.
Американските авиони Ф-16 полетале од турската база Инџирлик кон упориштето на Исламска држава во Рака. Поради опасноста од средба со руските воени авиони нивната мисија не успеала.
Од почетокот на руската интервенција на американските пилоти им е наредено да го сменат курсот на летање за да се избегне блиска средба со руските авиони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
