-->
-->
Пренос од дуелот Шкотска - Македонија на СИТЕЛ 3
-->

Натпреварот од квалификациите на репрезентации до 21 година меѓу Шкотска и Македонија што ќе се игра утре од 20:30 часот во Единбург ќе може директно да се проследи на програмата на СИТЕЛ 3. Ова е еден од двата натпревара што оваа македонска селекција ги игра во овој период. Македонија се наоѓа на третата позиција во групата со два бода помалку од лидерот Франција, и ист број поени со Исланд. Со пласман на едно од првите две места во групата нашата селекција ќе има шанса за учество на Европското првенство во Полска во 2017 година.
Дуелот Македонија - Северна Ирска се игра во вторник од 18:45 часот на Националната Арена Филип Втори. И овој дуел ќе можете директно да го проследите на програмата на СИТЕЛ 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
