Препораки за правилна домашна изолација
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот ФБ профил објави препораки за тоа како да се постапи во случај на правилна домашна самоизолација.
Според препораките, доколку имате можност работете од дома, одделете се од останатите во различни простории, бидете на безбедно растојание со другите меѓу еден и два метри, редовно проветрувајте ги просториите, останете дома освен во случај на итност, во однос на редовната исхрана изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана, избегнувајте заедничко користење предмети за домакинство како што се крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење, доколку нарачувате продукти преку достава избегнете контакт со доставувачот, чистете ги површините во домот кои најчесто ги користите, следете ги препораките за превенција од здравствените установи, направете самопорверка на здравствената состојба со мерење на телесната температура неколку пати во текот на денот, често пати да се мијат рацете со сапун и да се користи средство за дезинфекција на раце кое содржи алкохол.
Доколку чувствувате симптоми слични на грип јавете се во центрите за јавно здравје.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека