Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога вредна околу 300.000 евра
Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и СВР Битола - ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел - Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300.000 евра и од слобода е лишено едно лице.
Имено, во утринските часови на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп, од страна на полициски службеници од сообраќајна полиција била дадена наредба за запирање на патничко возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, но возилото не сопрело, туку забрзало, оштетувајќи две службени возила на МВР и загрозувајќи ја безбедноста на полициските службеници кои извршувале службени дејства.

Набрзо, на излезот од Прилеп возилото било пронајдено, а А.Г.(23) од Охрид, кој го управувал возилото, бил лишен од слобода во моментот додека од возилото исфрлал четири торби покрај патот. Од извршениот увид, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Прилеп, во торбите покрај возилото биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, кои се подигнати и предадени на вештачење. Воедно, при претрес извршен со судска наредба во домот на А.Г. во Охрид, биле пронајдени 17 куршуми со различен калибар, соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.
Од страна на ОВР Прилеп во текот на денешниот ден против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела по чл.215 за „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, по чл.383 за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и по чл.396 за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, сите според Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
-

Скопјанец обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин, па се обидел повторно
-

Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
