Преспа под снежна покривка

Снежната покривка на одредени делови во Преспа достигнува до 10-тина сантиметри. Засега нема проблеми на магистралните, регионалните, локалните патишта во општина Ресен, со водоснабдување и електрична енергија.
Според раководителот на работната единица на „Македонија пат“ во Ресен Сашо Нечоски, на планинските превои Ѓавато и Буково е отежнато одвивањето на сообраќајот за тешките товарни возила, но иако снежните врнежи продолжуваат немало застој.
- Екипите на „Македонија пат“ на територијата на општина Ресен со четири возила редовно ги чистат магистралните и регионалните патишта кои минуваат низ општината. Целосно е вклучена и механизацијата на Општина Ресен во расчистување на градските улици и локални патишта со цел граѓаните да можат непречено да ги извршуваат своите секојдневни обврски и активности, изјави Нечоски.
Градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека општинската зимска служба неколку часови е на терен го отстранува снегот и врши посолување и попесучување по приоритет на градските улици и на локални патишта.
- Засега не е евидентиран проблем со водоснабдувањето и со напојувањето со електрична енергија, но будно ќе ја следиме состојбата и по потреба ќе интервенираме се додека има снежни врнежи, кои може да претставуваат проблем за нормалното одвивање на секојдневниот живот, рече Стрезовски.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
