„Преспански јабоклобер“ 25 до 28 септември во Ресен

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи од 25 до 28 септември во Ресен, а со симболично откинување на првото јаболко на Крстовден официјално ќе почне и бербата на преспанското јаболко.
Манифестацијата ќе почне со вечер посветена на ресенчани насловена „Тринаесет песни за тринаесет Величествени“, а следниот ден во Домот на културата „Драги Тозија“ ќе биде отворена изложба со дела од ликовната работилница „Преспански ликовни мотиви“. На градскиот плоштад „Цар Самоил“ настап ќе имаат културно-уметнички друштва од Ресен и Хрватска, а ќе настапи и групата „Фонтана“ од Битола.
По откинувањето на првото јаболко на 27 септември, на верскиот празник Крстовден, на градскиот плоштад ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Си - до“ и групата „Охридска чалгија“, ќе се одржи ликовна работилница „Јаболко на хартија“, како и саем на земјоделска механизација и трибина „Предизвици и придобивки од ЕУ ориентирано земјоделство“. Вечерната забава ќе им биде препуштена на „Бени и Нон стоп“ и „Црвена јабука“.
Според програмата, на 28 септември на Градскиот стадион во Ресен ќе се одигра меморијален фудбалски турнир „Благоја Котларовски-Баги“, а во спортската сала „Зоран Стојановски“ меморијален ракометен турнир „Зоран Стојановски“, во вечерниот дел преспанци и гостите ќе ги забавуваат „Екстраваганза“ и „Слаткаристика“.
Ново на Сител
-

Шефицата на дипломатијата на Гренланд по средбата со Венс и Рубио: Притисокот беше неподнослив
-

Измамена 54-годишна жена - и ветиле стан во Скопје и работа за нејзината ќерка како цариник
-

Тепачка на скопскиот аеродром
-

Приведено лице од кумановско, со возило удрил и физички нападнал полициски службеник
-

Забранети уште 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307
-

Николоски - Агелер: Македонија и САД се стратешки партнери, кои ќе продолжат да работат на јакнење на економските врски и на суштинските реформи
-

Бебето што почина било хоспитализирано поради обилно повраќање, соопшти болницата во Кавадарци
-

УХМР: Викендов постудено - дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините
