Македонија
6. September 2021 - 11:28

Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум

Драстичен пад на водостоите бележат повеќето реки во земјава. Според денешните хидролошки мерења, над просекот за август се само Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево.

Само Црна кај Новаци е на исто ниво како просечното за септември, а релативно блиску до просекот е и Пчиња кај Катлановска Бања. Останатите реки се или преполовени или намалени за три пати.

Водостојот на Преспанско Езеро е ист како вчера – седум сантиметри под апсолутниот минимум, а на Охридското во однос на септемврискиот просек е намалено за 12 сантиметри, додека во однос на вчерашниот ден покажува снижување за еден сантиметар.