Пресушија Викториините водопади
Викториините водопади, кои настанале на местото каде африканската река Замбези пропаѓа 100 метри надолу, на границата меѓу Зимбабве и Замбија, пресушија поради најлошата суша во последните 100 години.
Убавината на овие водопади привлекувала милиони туристи, но оваа година се случи неочекувано намалување на нивото на водата. Постои стравување дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите.
– Ова првпат го имаме видено, изјави продавач на сувенири, додавајќи дека драстично е намален бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите се забавени.
Проблем е што цела област е погодена од суша и многу луѓе останале без храна и посеви поради сушата. Се проценува дека им е потребна помош на околу 45 милиони луѓе.
Зимбабве и Замбија се погодени и со рестрикција на струја, бидејќи производството на овој енергент зависи исклучиво од хидроцентралата Кариба, која се наоѓа на реката Замбези.
Податоците на официјални лица задолжени за реката Замбези покажуваат дека нивото на водата е под она од 1995 година, кога било најниско, а далеку под просекот.
Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Слаповите главно се широки над 1,5 километар, со пад од 128 метри.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време