ПРЕСВРТ: Цел свет го жалеше овој Сириец, а тој бил терорист!
Кадрите, на кои се гледа како Сириецот Осама Абдул Мохсен е сопнат од камерманка на унгарска телевизија, додека се обидува да избега од најблискиот пункт за бегалци во пограничниот унгарски град Роске, го обиколија светот. Но, се испостави дека Мохсен, пред да избега од Сирија, бил дел од терористичката организација “Џабхат ан Нусра”, која е поврзана со Ал Каеда, пишува International Business Times.
Мохсен исто така, се борел против курдските милиции во Северна Сирија. Според курдската партија “Демократско обединување” Мохсен учествувал и во насилното задушување на востанието во градот Камишло во 2004 година, кога над 50 Курди се масакрирани.
Претходно меѓународната заедница беше навредена од кадрите и го поддржа Мохсен, а камерманката беше отпуштена од работа.
Потоа, Мохсен беше поканет да живее во Шпанија, каде што му беше понудена работа како фудбалски тренер, па дури и светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо се сретна со него.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура