Македонија
27. јуни 2017 - 12:45

Претепан и ограбен тинејџер во Центар

Вчера во 01.30 часот во ПС Центар, Ф.А. (18) од Скопје пријавил дека на нешто пред полноќ, поточно околу 23.50 часот на автобуската постојка на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје две непознати лица му извршиле разбојништво.
 
Додека Ф.А. чекал автобус, сторителите му се приближиле, едно од лицата ја ставило раката на појас, каде најверојатно имал нож и му рекол да извади се што има во џебовите.
 
Тогаш Ф.А. се обидел да избега, но сторителите физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата, по што го легнале на земја и од џебовите му одзеле мобилен телефон и очила, а потоа го напуштиле местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.