Македонија
12. April 2017 - 14:18

Претепан средношколец во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници (еден од Тетово и еден од с.Копачиндол, тетовско) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
 
На 6. февруари годинава околу 11.30 часот во училишниот двор од Средно Економско Училиште „8-ми Септември“ во Тетово пријавените физички нападнале 17-годишник од с.Порој, тетовско.
 
Во наведеното време оштетениот заедно со негов соученик излегле во дворот на училиштето и седнале на една од клупите, каде веќе биле седнати пријавените, исто така, ученици во училиштето.
 
По кратко време дошло до вербална расправија меѓу пријавените и оштетениот поради меѓусебни недоразбирања, по што пријавените физички го нападнале 17-годишникот со неколку удари со тупаници по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди.