-->
-->
Претежно облачно, во попладневните часови со врнежи од дожд
-->
Времето денеска ќе биде претежно облачно, во пладневните часови со врнежи од дожд, на места пообилни, кои ќе се задржат до крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од осум до 16, а максималната ќе достигне од 17 до 26 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени,
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стабилно време со студени утра и во наредните денови
-
„Нашите планови ги срушија за миг“, емотивен текст на момчето на Фросина
-
57-годишен маж од Кочанско загина во сообраќајка
-
Генерално чистење во општина Кисела Вода
-
Успешно родени 33 жаби-младенчиња од загрозен вид во Лондон
-
Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар
-
Турција ќе прифати 15 Палестинци ослободени од израелските затвори
-
Утре без вода Нерези и Тафталиџе