Претпладне магла по котлините, попладне и во текот на ноќта дожд, а на планините снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Како што соопшти УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер, над 65 километри на час и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадратен, па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела, а од понеделник се очекуваат нови врнежи претежно од снег.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
