Претпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево
– Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а долж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени.
Во Скопје и околината во раните утрински часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на нов влажен бран, утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Променливо облачно со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.
Ново на Сител
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае