Македонија
14. March 2023 - 10:37

Претрес во Прилеп, приведено едно лице

Полициски службеници од Полициската станица Прилеп, вчера во 7:50 часот, го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп.

Како што информираат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.

-По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок, се наведува во соопштението од МВР.