-->
-->
Претрес во Скопје, кај 29-годишник пронајдена дрога и халуциногени средства
-->
Денеска (18.03.2021), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М.С.(29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога.
М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шејла Зониќ e новата Ѕвезда на Гранд, Мики и Андријана на второ и трето место
-
Никол Кидман и Зак Ефрон во „A family affair“
-
Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија
-
Две пријави за семејно насилство во еден ден
-
Скопјанец нападнат од татко и син во Драчево
-
Куршум оштетил автомобил на млада скопјанка
-
Силјановска ќе го потпише Законот за реорганизација на Владата
-
Неготинец се удави во Охридското Езеро