Македонија
2. March 2023 - 8:56

Претрес во Скопје: Пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 01.03.2023 во 19.30 часот во Скопје го лишиле од слобода Б.Н.(25) од Скопје.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 грама марихуана и дигитална вага.

- Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против  него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.