Македонија
18. May 2023 - 11:56

Претрес во Скопје: Уапсен 35 годишник - кај него биле пронајдени оружје и муниција

Денеска (18.05.2023), полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје.

При претрес во негови простории на две локации во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција,  автоматски пиштол „Шкорпион“, пиштол непозната марка и калибар и две ловечки пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.