-->
-->
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
-->

Приведени биле четири лица од струмичкото село Муртино, по претрес и пронајдена марихуана.
- На 29 април во 23:15 часот во селото, полициски службеници од СВР - Струмица ги лишија од слобода С.З.(36), Д.В.(21), Б.М.(20) и С.А.(40), сите од Муртино. При претрес во домот на С.З., извршен со судска наредба, каде биле затекнати и Д.В., Б.М. и С.А., била пронајдена марихуана. Лицата се задржани во Полициската станица - Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
