-->
-->
Претрес во виничко, пронајдени дрога и оружје
-->
На 02.11.2023 во 10.55 часот на Јакимовски пат во Виница, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница го лишиле од слобода Д.Ѓ.(27) од с.Јакимово, виничко. При претрес кај него и во неговото патничко возило „фолксвгаен пасат“ без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка.
Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Јакимово, при што биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
