Претреси во Кичево, приведени дилери на дрога
На 19.09.2020 Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ во соработка со Одделот за специјални полициски операции и полициски службеници од СВР Охрид
- ОВР Кичево, во рамки на оперативната акција, чија цел е ставање на крај на трговијата со наркотични дроги, преземаа мерки и активности за лишување од слобода на дилери на подрачјето на Кичево.
Имено, во вечерните часови во центарот на Кичево е запрено патничко возило „ауди“, управувано од С.А., каде како совозач бил неговиот брат А.А., а при извршениот преглед над нив и во возилото, пронајдени се пакувања со марихуана, пари и нож.
По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, извршен е претрес во нивниот дом во Кичево, при што се пронајдени кокаин, хероин, марихуана, вага за мерење и големи износи на парични средства, за кои постои сомневање дека потекнуваат од продажба на наркотична дрога.
Покрај ова, против С.А. и А.А. во изминатиот период се поднесени бројни кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство и Судот, поради агресивно и насилно однесување, загрозување на сигурност и упатување на сериозни закани по граѓани и полициски службеници и нивните семејства, но завршиле без исход.
Против С.А. и А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215, со предлог за определување на мерка притвор.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта