Македонија
29. May 2020 - 13:08

Претседателката на „Гласен Текстилец“: Работниците се превезуваат како риби во конзерва

Во последните неколку дена зголемување на бројот на заразени има и во Штип во текстилните фабрики.

Со оглед на тоа дека станува збор за луѓе кои работат во релативно мал простор разговаравме со претседателката Кристина Ампева на Здружението Гласен Текстилец за условите на работа во текстилните конфекции.

Таа истакна дека од почетокот на кризата има јасно децидни уредби, препораки и мерки кои треба да се почитуваат, особено во овие погони и при превозот. Од она што таа го знае од работниците за што таа има реагирано е дека на почетокот од воведувањето на мерките имало поголемо придржување на овие мерки во однос на дистанца, хигиена и слично. 

Има работодавачи кои се придржуваат на мерките но има и случаеви каде што нема ни средства за дезинфекција. 

Во однос на превозот Ампева истакна дека поседува фотографии од случаи каде што текстилните работници се превезуваат буквално како риби во конзерва. Фотографиите се испратени до надлежните институции и се надева на преземање на мерки од нивна страна.