Претседателот Иванов ги прими уметниците кои ќе го отворат 55. „Охридско лето“
Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана" во Охрид ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето" и дел од членовите на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија кои вечер ќе настапат на свеченото отворање на 55. издание на фестивалот.
Како што информира Кабинетот на Претседателот на РМ, Иванов им посакал добредојде на уметниците и успешен настап на вечерашното отворање на фестивалот, притоа додавајќи дека нивната сценска изведба ќе даде посебен белег на ова издание на „Охридско лето".
- Членовите на ансамблот „Ла фура делс Баус“ изразија задоволство од можноста за средба со македонскиот претседател, притоа истакнувајќи дека нивните првични впечатоци од фестивалот и од целокупната организација се исклучително позитивни и дека прекрасно се чувствуваат во Охрид и во Македонија, соопшти Кабинетот.
Организаторите на фестивалот го информирале Иванов за годинашната програма која вклучува голем број странски уметници, од кои многумина првпат ќе настапат во Охрид. Тие изразиле надеж дека и ова „Охридско лето" ќе се вброи во низата успешни културни настани во Македонија.
- Македонскиот претседател на средбата истакна дека фестивалот дава значаен придонес во промовирањето на македонската култура во светот, но и во презентирањето на најзначајните светски културни достигнувања пред македонската публика, стои во соопштението.
Музичко-сценската манифестација „Охридско лето“, која традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, годинава ќе биде отворена со сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на ансамблот „Ла фура делс Баус“ од Шпанија, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?
-
На големот христијански празник Богојавление, Светиот крст ќе биде положен во водите на Радика, досега пријавени над 100 верници